(РЕЦЕПТ) Топла компир салата со туна: Што да јадете за Велигденските пости
Продолжуваме да споделуваме со вас предлог рецепти за посен ручек, имајќи предвид дека се Велигденски пости, кои траат 48 дена.
За денес наш предлог е топла компир салата со туна. Ова е совршен ручек за посни денови.Што ви е потребно:
-1 кг компири
-2 конзерви туна
-црни маслинки без семка
-2 млади кромитчиња
-1 лажица сенф
-1 лимон
-3 лажици маслиново масло
-сол, бибер
-неколку гранчиња свеж магдонос и зачин
Подготовка:
Измијте ги компирите и варете ги сите со кора околу 30 минути или додека не омекнат. Кога компирот е сварен, исплакнете го во ладна вода и прелијте го со сок од лимон, оставете го малку да се олади за полесно да се излупи и исецка, а потоа излупете ги и исечете ги на кругови со еднаква дебелина.
Исечете го кромидот, додајте го во компирот и внимателно измешајте. Додајте масло, сенф, сецкан магдонос и зачин, сол и бибер и измешајте сè. Додајте туна и маслинки и ручекот е готов.
На здравје
Може да ве интересира:
(РЕЦЕПТ) Ослич со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости(РЕЦЕПТ) Плескавици од риба: Што да јадете за Велигденските пости
(РЕЦЕПТ) Ароматичен ѓувеч со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости
(РЕЦЕПТ) Највкусното посно гравче од манастирот Хиландар: Што да јадете за Велигденските пости