РЕЦЕПТ: Сирупот од мед и лук кој ќе ве подмлади за една недела
Лукот не е само
неизбежна намирница во кулинарството, туку и еден од најмоќните лекови за разни
заболувања. Поголемиот дел корисни состојки на лукот доаѓаат од алицинот кој ги
регулира холестеролот и крвниот притисок, ги ослободува дишните патишта, а се
смета дека успешно лекува и артритис, но и канцер.
Нутриционистите сметаат дека лукот треба да се консумира необработен, за да има ефект. Најдобрите народни лекови секогаш содржат лук. Ако го јадете секој ден во комбинација со мед, по една недела значајно ќе си го подобрите здравјето. Токму со лук и мед можете да си приготвите сируп кој ќе ве подмалди за точно една недела.
Состојки:
335 грама домашен мед
10 чешниња лук
Подготовка:
Исчистете го лукот и исецкајте го на ситни парченца. Во стаклен сад ставете мед и додајте го лукот. Покријте го садот и една недела чувајте ја смесата на место каде што не продира светлина. По седум дена ќе добиете природен лек кој е еден од најздравите во светот.
Употреба:
Се консумира по една лажица дневно, наутро пред да јадете.
Совет:
Сирупот може да се разблажи со топла вода. Лекот се зема седум дена без прекин. Потоа две недели се паузира, па повторно се консумира седум дена. Садот чувајте го на собна температура.