Рецепт стар 2.000 години: Леб од најздравото племе на светот
Лебот Камали не‘
држи сити долго време.
Хунзите се племе населено со луѓе за кои се вели дека се најздрави на планетата и со невообичаено младешки изглед. Затоа многумина се заинтересирани за тајната на нивната традиционална кујна.
Камали е традиционалниот леб на племето Хунза, а рецептот за ова здраво пециво е стар околу 2.000 години. Овој леб е многу здрав, а може да ви помогне и да ослабете бидејќи е хранлив, па и помали количини ќе ви го намалат апетитот и ќе ве натераат да не чувствувате глад четири до шест часа.
Лебот Камали не содржи шеќери или слатки адитиви, како повеќето модерни лебови, а една од важните состојки е таканареченото глечерско млеко, т.е. Минерална вода со боја на млеко која се топи од глечерите и е богата со минерали и хранливи материи од карпите, пишува stavrukusa.rs.
Рецепт за леб Камали:
Потребни намирници:
-1 чаша мелено брашно од цело зрно или мешавина од 1/3 пченично брашно и 2/3 брашно од хељда
-на врвот на лажичка морска сол или солени зачини од зеленчук
-1/2 чаша глечерско млеко (минерална вода).
Начин на подготовка:
Се мешаат брашното и солта, па полека се додава водата и се меша додека не се добие тесто. Површината на која го правите лебот посипете ја со брашно, па месете додека тестото не стане меко и еластично.
Измесениот леб завиткајте го во влажна крпа и оставете го да отстои 30 минути. Тестото поделете го на топчиња со големина од околу три сантиметри, па секое топче расукајте го во тенки тортиљи со дијаметар од околу 20 сантиметри. Печете ги тортиљите на решетка, прво од едната, па од другата страна, околу 10 минути.
Со подготовка на овој рецепт ќе добиете околу 10 лебчиња.
Бон апетит!
Фото: Youtube - screenhsoot / unsplash