Рецепт за брзи панцероти: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска

Добивај вести на Viber

Ивона Христова Илиевска за себе вели дека е страствен готвач и гурман, па за читателите на Женски магазин сподели еден брз рецепт за панцероти.


Потребно време 30 мин.

Состојки:

* 2 дл јогурт
* 1 дл масло
* 1 кесичка пециво
* брашно три чаши (мерите со чаша од 2 дл)
* сол 

Полнење:

* кечап
* кашкавал/моцарела
* сувомеснато
* оригано

Затворање:

* 1 жолчка

Постапка:

* насмевка, музика, дозволете им на Вашите деца да учествуваат затоа што самиот рецепт е брз и не прави многу „лом''

Во сад за месење се замесува тесто од состојките. Тестото ќе биде меко. Месете додека не се соединат состојките убаво. Оставетето го тестото на набрашнета површина да одстои 15 мин. 

Во меѓувреме уклучете и загрејте ја рерната на 200'.

Спремете го филот. Мој совет е кашкавалот да е рендан за да ги соедини и „залепи„ останатите состојки за да биде повкусно за јадење. Изрендајте го или ситно исецкајте го сувомеснатото.

Може да ги формирате на два начини:

1. Тестото развлечете го со сукало со дебелина од 0,5 цм. Со голема чаша или модла за правење кругови сечете го тестото. Секој круг намачкајте го со кечап, па ставете кашкавал па сувомеснато. овој редослед на полнење е најубав затоа што така поубаво ќе се соединат состојките доколку кашкавалот е прв. После тоа затворете ги и краевите притиснете ги со вилушка.

2. Искинете топчиња во големина по Ваша желба расукајте ги со дебелина од 0,5 цм. Фулувајте како во претходниот пример. 

*Премачкајте со жолчка.
*Печете додека не поруменат. 
*И на крај сервирајте.


Не заборавајте готвите со љубов, најважно е времето поминато заедно, додека готвите и додека јадете не мора да изгледа совршено, доволно е да биде од срце.

Јас сервирав со марула,  јајце, кашкавал, младо лукче и сок од лимон - додава Ивона. 

Рецепт за вкусен колач за појадок: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивана Кнез

* Рецепт за мафини со боровинки: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Radisha's Kitchen Diaries

* Рецепт за вртена пита со спанаќ и изврка #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Наташа Малинкова