Рецепт за најсочниот колач со вишни: Колку подолго стои, толку станува повкусен

Добивај вести на Viber

Овој колач ќе биде повкусен колку подолго стои, се мери во чаши, а подготовката е прилично едноставна и со состојки кои веќе ги имате во кујната!

Ако постите, еве торта полна со овошје, со многу сочен вкус, за едноставно да се стопи во устата... Дефинитивно ќе ја јадете и да не постите! 

Состојки:

*Како мерка можете да користите чаша од 0,2 литри.

За кората:

2 чаши меко брашно

2 чаши гриз

чаша шеќер

прстофат сол

кесичка прашок за пециво


За слојот од вишни:

900 гр замрзнати вишни

ванилин шеќер

3/4 чаша шеќер

половина чаша масло

една лажичка цимет

+ маргарин


Подготовка:

Оставете еден сад на страна, истурете брашно, додадете шеќер, сол, па гриз, а потоа и прашок за пециво. Добро измешајте ги сите состојки. Смесата поделете ја на три приближно еднакви делови.

Одмрзнатите вишни не ги цедете. Истурете ги ванилиниот шеќер, шеќерот, циметот и маслото и измешајте додека не се соединат.

Намачкајте плех (30х20) со маргарин, па прелијте го првиот дел од сувите состојки и премачкајте со лажица. Додадете половина од смесата со вишни.

Додадете го вториот дел од сувите состојки и измазнете. Потоа истурете ја другата половина од смесата со вишни. Конечниот слој треба да биде третиот дел од сувите состојки.

Изрендајте малку маргарин (една коцка), а можете да прелиете и со сок од вишни. Посипете со шеќер во прав по желба.

Оставете да се пече во загреана рерна околу 40 минути на 180 степени.

Колку подолго стои, толку станува повкусен!

Извор: glossy.rs