Рекордни нови 107 случаи на коронавирус: Вкупниот број се искачи на 1081

Добивај вести на Viber

Во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 107 нови случаи на Ковид-19, а направени се вкупно 660 тестови.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. На Клиниката почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.



Нови дијагностицирани според градови:

Скопје – 28
Куманово -44
Дебар – 2
Штип – 1
Прилеп – 11
Тетово – 5
Струга – 1
Велес -4
Битола – 6
Кавадарци -1
Гостивар – 2
Кочани -1
Кичево -1.

Инаку од денес и министерот Венко Филипче останува во домашна изолација.