Реља е преслатко русокосо момче: Погледнете ги првите фотографии од синот на Андрија Милошевиќ

Добивај вести на Viber

Синот на Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ, Реља, неодамна наполни една година, а родителите досега успеваа да го заштитат од „љубопитните очи“ на јавноста

Меѓутоа, бидејќи ниту како пар не се често изложени на медиумите, Андрија и Александра се многу интересни за публиката, која нетрпеливо чека да го запознае малиот Реља.

Сега синот на Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ за прв пат е фотографиран во друштво на својот татко кој е исклучително посветен и грижлив. Екипата на „Папарацо лов“ го сними Андрија како ужива во друштво на наследникот, кого не го испушти од раце.


Момчето кое пристигна на свет на 25 февруари 2022 година, порасна и очигледно е копија на неговата мајка. Русата коса е заштитен знак на актерката, а од неа ја наследил и синот.

А дека посакува да наследи нешто и од него, татко му не крие, па во интервју за „Глорија“ предвиде дека неговиот син еден ден ќе тргне по неговите стапки, но и по стапките на неговата мајка:

- За мене нема разлика помеѓу тоа што го работам и мојот приватен живот. Сето тоа е испреплетено во нашето семејство, приватниот живот, актерството, театарот, филмот. Мојата Сандра е исто така актерка. И нашиот син Реља веројатно ќе биде актер, а можеби и режисер, никогаш не се знае. И нема да имам ништо против тоа, ви ветувам уште сега.


Извор: www.story.rs