Реномиран доктор апелира: На детето треба да му биде досадно!

Зошто досадата е важна за децата и што родителите треба или не треба да направат кога на детето му е досадно, советува експертот за ран развој на децата, д-р Ранко Рајовиќ.

Досадата е еден вид стрес и непријатна ситуација. Кога им е здодевно, и возрасните и децата се обидуваат да го тргнат тоа чувство, односно да најдат занимација. Но, проблемот на здодевност кај децата во денешно време претставува загрижувачка ситуација затоа што децата тешко да најдат друго хоби, а тоа да не е поврзано со компјутер, видео игри или мобилен телефон.

Д-р Ранко Рајовиќ, автор на NTC програма за учење која го поттикнува интелектуалниот потенцијал на децата и ја развива брзината на размислување и резонирање - т.н.. функционално знаење, го објаснува фемоменот со досадата.

- Денешните родители кои пред 30 години беа деца, секако, се сеќаваат дека во тоа време во куќата имаше еден телевизор со една или две програми и кога им беше здодевно излегуваа да бараат друштво за играње. Немаше проблем да одат пеш или со велосипед четири, пет, шест километри на игралиште каде ќе си играат еден час, час и половина и ќе се вратат дома.

Кога врнеше, тие мораа сами да смислат други игри, а родителите не го решаваа проблемот на досадата кај детето, но детето само си бараше решение. Играње со коцки, со играчки, градење куќичка..

Проблемот со здодевноста отсекогаш бил иницијатор и досега тоа е важен и добар фактор за развојот на детето. Кога му е досадно, детето мора да се организира, мора да поврзе некои работи од кои може да направи нова игра, да си побара друштво.

Што се случува денес со децата?

Родителите премногу го штитат детето, наместо детето прават милион работи. Родителите го решаваат проблемот со досадата на децата, наместо да им дозволат тие сами да го решат. Му купуваат на детето видео игра, и кога таа игра ќе му здосади, му купуваат уште една. Компјутерите не се лоша работа и ние треба да бидеме во тек со развивањето на технологијата, но тоа проблем е кога таа станува буквално замена за сè.

Слушнав од еден пријател кој планира да патува со своите два сина на возраст од 9 и 12 години, но тие не сакаат да одат на море, бидејќи им е убаво во Нови Сад.  Сепак отишле на море, а кога стигнале таму ретко сакале да одат на плажа,им пречело сонцето, ги болело глава.. и што правеа? Седеа во хотелот и играа видео-игри.

Што ќе прави дете, кое не знае што да прави кога му е здодевно, што ќе прави за 5 или 10 години? Тоа ќе биде фрустрирана личност со праг на толеранција - нула. Тоа дете треба да добие се што сака сега, тоа не може да чека. Кога им е здодевно родителите треба да ги пуштат децата сами да се снаоѓаат, па макар и да заплачат.

Родителите треба да им помогнат на децата да бидат независни.

Раното детство е исклучително важно за подоцнежниот успех

За сите големи луѓе, без оглед на тоа во која област се успешни, раното детство е исклучително важно за нивниот успех, заклучува д-р Ранко Радовиќ.


Извор: www.a1info.net