ЕПП // ЕПП
Реномираниот Chapter03 како дел од традиционалното издание Денови на италијански дизајн
- 17 Март, 2024
Ексклузивен италијански моден накит од асортиманот на Chapter 3, годинава е дел од модните презентации во рамки на традиционалното издание на Деновите на италијански дизајн.
Врвни парчиња накит креирани со изострена стилска прецизност и беспрекорен дизајн, од брендовите: Rebecca, Rue des Mille, Valentina Ferragni i Rosato, од новата пролетна колекција на Chapter 3, го нагласија уникатниот моден израз во рамки на модните ревии на светско познати италијански брендови за облека и очила за сонце.
Овогодинешното одбележување во знакот на врвните италијански модни брендови застапени во Македонија, се одвива под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“.