„Реплек Фарм“ ќе извезува екстракти од канабис за медицинска употреба под брендот Каноил во САД
„Реплек Фарм“
како пионер во производство на екстракти од канабис за медицинска употреба на
глобално ниво е првата македонска компанија која го препозна овој потенцијал и
веќе 4 години со голем успех ги пласира своите производи на релевантни меѓународни
пазари како Германија и Австралија, а од неодамна, најнов пазар кој го освојува
со Каноил производите е САД.
„Горди сме за добиеното одобрување од ФДА (Американската Национална Агенција за храна и лекови) која го потврдува квалитетот на нашите Каноил производи кои од 2020 се извезуваат на Американскиот пазар под нашиот бренд Каноил. Се работи за палета од 15 производи (масла, спрееви, масти, супозитории и вагитории) т.е. истите производи кои се продаваат и на македонскиот пазар.
Ваквите признанија, за нас, претставуваат силен стимул за освојување на нови предизвици.
За таа цел во соработка со Германски партнер, „Реплек Фарм“ инвестира во нова високо специјализирана фабрика, со највисока технологија и строго наменета за изработка на производи кои содржат екстракти од Cannabis. Новата фабрика се простира на површина од 1300 m2. Истата, е дизајнирана и се изведува согласно GMP директивите. Просторот ќе биде обезбеден со климатизација, вентилација како и 24 часовно мониторирање на температурата и влагата. Опремата е изработена од материјали сертифицирани во согласност со GMP стандардите кои се компатибилни за работа во фармацевтската индустрија.
Со ова, повторно сакаме да го истакнеме нашиот сериозен и еднаков пристап во изработката и контролата на квалитетот на производите од канабис како и кон сите други фармацевтски производи присутни на повеќе од 30 светски пазари во изминатите 19 години“. – кажа Др. Иван Туџаров, генерален директор на Реплек Фарм
„Реплек Фарм“ ќе продолжи со остварување на својата мисија, односно, обезбедување на висококвалитетни лекови достапни за сите, бидејќи болеста не познава националност, вера, социјален или економски статус.