Ретка можност да го видиме Драган Бјелогрлиќ со неговите деца: Миа го покажа деколтето, а само да видите како изгледа Алексеј

Добивај вести на Viber

Драган Бјелогрлиќ беше на отворањето на Сината сала во Сава Центар со неговите деца.

Ќерката Миа и синот Алексеј позираа со него на црвениот тепих. Ова е ретко појавување на неговите деца во јавноста, а уште поретко пак семејно заедно.

Актерот и продуцент носеше сако и панталони, Миа за овој настан одбрала долг црн фустан со деколте, а Алексеј, кој тргна по стапките на својот татко во темно одело со раскопчана кошула.

На манифестација на која присуствуваше „кремот“ од српската јавна сцена, пееше Здравко Чолиќ, а помеѓу гостите беа Александра Радовиќ, Весна Дедиќ, Драгана Мирковиќ, Милица Павловиќ, Сара Јо и уште многу други.

Фото: Инстаграм
Извор: Telegraf.rs/Blic.rs