Ревија за паметење на Шанел: Принцезата Шарлот на пистата јаваше коњ, се нижеа модели кои се француски шик (ФОТО)
На модната недела во Париз во вторник се одржа спектакуларна ревија на Шанел, а посебна атракција направи принцезата од Монако Шарлот Казираги, внуката на легендарната Грејс Кели, која се појави на пистата, но на многу необичен начин.
Имено, убавата бринета не прошета по пистата, туку буквално јавна коњ на неа! На самиот почеток на ревијата, јавајќи на коњ, таа претстави парчиња од новата колекција на Шанел - лежерна црна јакна од твид со сребрени светки и едноставни црни еластични панталони.
35-годишната девојка е страстен вљубеник во коњичките спортови, а со тоа се занимавала и професионално, па не е ни чудо што на овој начин ја претстави работата на Вирџинија Вијард, креативниот директор на брендот.
Инаку, Шарлот во 2020 година стана нов амбасадор на престижната модна куќа.
Новата колекција е базирана на традиционални парчиња Шанел и ненадминатиот твид, но со неочекувани пресврти во форма на детали од светки, пердуви, тул и сатен, како и со освежени кроеви - тука се здолништата во А линија, панталоните со широки ногавици, струкирани, подолги јакни...
Инаку, челниците на брендот решија да му оддадат почит на неодамна починатиот француски актер Гаспар Улиер, кој беше заштитно лице на еден од нивните парфеми. Во спомен на него, на пистата прошета манекенка во бел, нежен фустан кој наликува на венчаница, носејќи букет црни цвеќиња во рацете.