Резултати од лабораториските испитувања: Игор Џамбазов откри дека два месеци боледува од Илинопатија

Добивај вести на Viber

Љубовта е прекрасна ама и боли, разболува...

Игор Џамбазов нема проблем со цел свет да сподели дека е најзаљубениот човек и јавно да ги искаже своите емоции преку песна, пишан збор.

Откако пред два месеци за роденденот на Илина ѝ купи куфер и откри дека таа заминала со истиот, тој не крие дека пати по Илина, па во некогов стил сподели како се чувствува кога таа е далеку од него.

- Стигна дијагнозата,
ги известувам сите пријатели и следбеници дека конечно ги добив резултатите од лабораториските испитувања. Веќе два месеци боледувам од Илинопатија (lat. ilinopatius), во превод: Патење по Илина. Лекот за оваа болест сè уште не е измислен. Чаре? - напиша Џамбазов барајќи лек за празнината која ја чувствува кога Илина не е со него.


Илина која моментално е во Тенеси, САД, му одговори: А јас докторат ќе правев...

Џамбазов пак доби и интересни совети во коментари, така актерката Весна Бејби му напиша: Фаќај си патот и право кај Илина.

- Купи уште еден куфер, каде она таму и ти! - му коментираат други.