За роденден ѝ купив куфер, утредента замина со истиот: Џамбазов се прекорува себе си за Илина

Добивај вести на Viber

Илина Арсова и Игор Џамбазов важат за еден од најубавите и најзаљубени парови на македонската јавна сцена. Тие постојано споделуваат дел од заедничките мигови на социјалните мрежи, па така овој пат Игор реши да ги сподели своите „љубовни маки“.

Имено неодамна таа го прослави својот роденден, а како подарок од Игор доби куфер за патување. Е токму тој куфер сега му „прави проблеми“ на Игор.

„За роденденот и купив куфер.
Куфер. Тоа е она со кое патуваш.
Утредента си замина со истиот тој куфер.
Па се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано...
Сам сум се убивал.
Еј животе, француски предлогу...“ - напиша Игор на фотографијата од Илина и куферот.

View this post on Instagram

A post shared by (@igordzambazov)