Резултатите никогаш не ми биле полоши, не сум најдобро: Јелена Розга веќе не ја крие нејзината здравствена состојба

Добивај вести на Viber

Хрватската пејачка Јелена Розга проговори за своите здравствени проблеми.

Имено, таа истакна дека неодамна направила анализи кои, како што вели, никогаш не биле полоши.

- Јас сум среќна жена, имам сè што сакам. Имам здравствени проблеми, таа тироидна жлезда не ме слуша... Не кријам, зборувам за тоа, можеби можам да помогнам некому. Пред два дена отидов да направам крвна слика, резултатите никогаш не ми биле полоши. Не сум најдобро, но се трудам. Најмногу ми влијае на расположението, кога хормоните не ми се во рамнотежа. Тоа влијае и на мојата кожа. Се трудам што повеќе да се одморам, да бидам позитивна и се надевам дека за еден месец, кога ќе одам на преглед, наодите ќе ми бидат подобри - изјави Розга за „Премиера“.


За потсетување, хрватската поп пејачка го прослави својот 45-ти роденден. Иако веќе навлезе во својата петта деценија, оваа пејачка важи за една од најнегуваните жени на овие простори и покрај жестоката битка со тироидната жлезда.

Извор: www.telegraf.rs