Три нови песни на Тропико бенд пред концертот во Скопје

Добивај вести на Viber

 Пред концертот закажан на 28 април во ВИП Арена „Борис Трајковски“, членовите на српската група "Тропико бенд" ќе ја изненадат публиката. По три годни од последното цеде, подготвија три нови песни од кои една е веќе пуштена во јавноста. 

„Синглот „Само иди“ е една мала увертира за она што го подготвивме за нашата публика, иако сите три песни се сосема различни, не само една од друга, туку и од она што досега го работевме, со нетрпение ги очекуваме реакциите на публиката“, вели Сале, фронтменот на групата. 

По видеото за песната „Само иди“ се очекува екранизација и на дуетската песна со Џенан Лончаревиќ.

„Единствено што можам да кажам е да очекувате едно големо изненадување и вистинска филмска приказна", вели Сале. 

Организаторите најавуваат енергичен концерт во Скопје.