Животна училница // Приказни
Роберт Вељановски: Замина еден од најголемите умови под македонското сонце
- 06 Декември, 2018
Докажаниот режисер, драмски писател, професор и поранешен амбасадор и претседател на македонското собрание, Љубиша Георгиевски, утрово почина на 81 година. Веста за неговата смрт на „Фејсбук“ ја објави актерот Роберт Вељановски.
-Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски! Утринава почина мојот театарски татко! Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно - напиша тој.