Роден во 27 гестациска недела со 900 грама, денес си оди дома: Никола е вистински мал борец

Добивај вести на Viber

Убави вести денеска испраќаат од ГАК, од каде соопштуваат дека семејството Ристоски конечно ќе ужива дома со нивниот голем борец малиот Никола.

Малиот Никола е роден во 27 гестациска недела со телесна тежина од 900 грама. 

Семејството Ристоски конечно можат да се смеат и никој да не им забележи колку гласно тоа го прават, да пеат и повторно никој да не им забележи колку тоа гласно го прават, а посебно најмалиот Ристоски, малиот Никола, големиот борец....тој нека се смее...нека пее и нека потплакува понекогаш гласно, најгласно. 

Малиот Никола беше роден во 27 гестациска недела со телесна тежина од 900 грама. Никола беше храбар и победи и по 65 дена престој на ОИНТ не поздрави и си замина домче кај мама и тато.

Мило дете, ти посакуваме силно здравје и бескрајно среќно детство.

На персоналот на ОИНТ ви благодариме што несебично се грижите за овие мали души што поскоро да закрепнат, што побрзо да порасна“, напишаа од клиниката на Фејсбук.