Роденденска забава од бајките: 6 години успешна приказна „Светот на Колорес“, 3 градинки и многу среќни дечиња (ГАЛЕРИЈА)

Приватните градинки за деца „Светот на Колорес“ со почетокот на новата учебна година прославија шест години успешна приказна, од која се дел три објекти низ нашиот главен град Скопје и безброј насмеани лица на дечињата кои ги посетуваат.

Училници и простор за игра, средени по највисоки стандарди и наставен кадар кој апсолутно се вложува во воспитувањето на децата- се само дел од епитетите на „Светот на Колорес“.

Дечињата вчера присуствуваа на роденденската забава како од бајките, со маскоти со нивните омилени ликови, шеќерна волна, пуканки, балони...

„Светот на Колорес'“ се особено препознатливи по посебниот начин за грижа и едукација на децата, како и прошетките во природа и природните материјатли. Од март годинава стартуваа и со нов објект, трет по ред на супер локација во Општина Карпош до Педагошки факултет.

- Грижата, љубовта и едукацијата на дечињата е наша водилка кон успехот - открива за Женски Магазин, Билјана Караманолевска, генерален менаџер на детските градинки „Светот на Колорес“. 

Им посакуваме уште многу многуу шарени родендени!