Роденденски број на „Портрет“

Добивај вести на Viber

Во продажба е новиот, февруарски, роденденски број на „Портрет“. На насловната страница е Леа Давогиќ, српската пијанистка, моделка и диџејка. Девојката чијшто лик се најде во многу светски списанија, чијашто енергија зад винилите го крева духот на забавите, чијашто љубов кон уметноста ѝ дава сила да се реализира во мноштво уметнички правци.

„Портрет“ е македонски проект работен по светски стандарди. Одличен прирачник за мода и за убавина. Магазин со релевантни соговорници од различни сфери. Полн со приказни кои, како што вели и самата уредничка Ружица Антиќ, се нечија надеж, нечија инспирација, нечија желба за нов почеток.

„Женски магазин“ им посакува да траат уште долго, да останат препознатливи по оригиналниот израз, да продолжат да им пркосат на стереотипите. Среќен роденден „Портрет“!

Фотографија: Горан HLVK Поповски