Постарата ќерка на Амернис Нокшиќи и новинарот Борјан Јовановски денеска го слави својот 12-ти роденден. Познатата актерка неодамна во интервју за „Женски Магазин“ ни откри дека Бора е заинтересирана за уметноста како мама.
- Помалата ќерка Каја, пак, има 10 години и многу сака да се грижи за животните. Каде ќе ги одведе патот не знам, но тоа што знам е дека нема сигурно да им се мешам во нивниот избор и секогаш ќе ги поддржам во тоа што ќе биде нивен сон - ни изјави Амернис во април.