Родителите несвесно го саботираат детскиот успех

Добивај вести на Viber

Родителите сакаат нивните деца секогаш да бидат самостојни, но да им го наметнат нивниот стил на живеење, тврди семејниот терапевт Кети Каприно и доктор Тим Елмор.

Врз основа на истражувањата заклучиле дека возрасните често го саботираат успехот на децата. Тие составиле листа од неколку штетни однесувања на родителите кои од децата можат да направат несамостојни возрасни личности:

Ги чуваат од ризик

Родителите се грижат за безбедноста на децата, но често претеруваат, но за да ги заштитат не дозволуваат ниту еден момент да останат без нивно надгледување. А стручните лица велат дека децата кои немаат слобода, кои не знаат што значи изгребaно колено или рака, имаат фобија како возрасни луѓе.

Предвреме ги слават

Родителите често се пристрасни, па често ги фалат своите деца дека се најдобри и најубави, ги креваат на пиедестал кога треба и кога не треба.  Децата се навикнуваат на тоа, а подоцна не знаат да ги прифатат критиките.

Не им зборуваат за своите грешки

Родителите се однесуваат така што нивните тинејџери мислат дека биле безгрешни во нивните години, па пред нив се затвараат или се срамат. Стручните лица велат дека тоа е голема грешка, бидејќи деца треба да знаат дека нивните родители не секогаш се однесуваат според правилата.