Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ се ожени по петти пат на 79 години: Пред олтар ја однесе неговата шоферка

На 79 -годишна возраст, ја однесе сопствената шоферка пред олтарот. Роџер Вотерс  заплови во брачните води по петти пат.

Американскиот музичар и член на легендарниот бенд „Пинк Флојд“, 79-годишниот Роџер Вотерс се пофали на социјалните мрежи дека се оженил по петти пат на својот имот Бриџемтон во Њујорк, вреден 16,2 милиони долари, и ги сподели моментите од нивниот посебен ден со своите следбеници на Инстаграм. Таа блескаше во бела венчаница од чипка, а тој во елегантно црно одело.

„Пресреќен сум, конечно жената што ќе ја задржам “, напиша Роџер покрај фотографиите од венчавката.


Роџер, чие богатство се проценува на 310 милиони долари, во едно од неговите интервјуа што ги даде во 2018 година, откри како ја запознал Камила неколку години порано на свирка додека работела како возач на неговиот службен автомобил. Јавноста не знае многу детали за неа бидејќи живее живот далеку од центарот на вниманието.

„Не сме во брак, но сме заедно неколку години. Ја сретнав на еден од концертите. Таа работеше како шоферка, поточно возеше со мојот службен автомобил. Бев во еден град две недели и имав многу возења помеѓу хотелот и стадионот. Мојот телохранител седеше со неа напред и тие разговараа додека јас бев на задното седиште. Но, нешто во неа ме привлече. Еден ден ја прашав дали некој ѝ рекол дека има убави јаболчници“, изјави Роџер за „Инфобае“.

Двојката беше снимена заедно во јавност за прв и единствен пат во 2019 година на Филмскиот фестивал во Венеција, а наводно се вериле на почетокот на оваа година.

Пред Камила, Роџер беше во брак со Лори Дурнинг, која ја побара за сопруга во 2004 година, а тие се венчаа во 2012 година, но три години подоцна тој поднесе барање за развод.

Што се однесува до неговите први три брака, во 1969 година се ожени со тинејџерката Џуди Трим, но тие се разведоа во 1975 година.

Се ожени со Каролин Кристи една година подоцна, а пред да се разведат во 1992 година, го имаа, денес 44-годишниот син, Хари и 43-годишна ќерка Индија.

Роџер, исто така, се ожени со Присила Филипс во 1993 година, со која има 24-годишен син, Џек, и нивниот брак заврши во 2001 година.

Тој имаше кратка романса со новинарката Рула Џебреал во 2016 година, но тоа траеше само неколку недели.

извор:dnevnik.hr