Rumor PopUp изложба денеска во Скопје

Добивај вести на Viber

Rumor shop Охрид денеска во Скопје ќе ја отвори својата блиц Rumor PopUp изложба, во 17.00 часот на улицата Наум Наумовски Борче. Овој сезонски PopUp е само мал, но омилен дел од тоа што се подготвува од колекциите на Rumor и ќе биде отворен за посетители од 12 до 22 јуни, од 12 до 20 часот. Веќе од септември, Rumor ќе биде надополнет и надграден и на истата локација посетителите ќе може да се впуштат во откривање на нови димензии на својот идентитет.

На оваа изложба ќе бидат вклучени и најпопуларните парчиња од колекциите како Rumor Collection, Monographie, Risto, SEV и Sibling кои веќе имаа свои фанови. Целта е да се откријат најновите модни насоки прилагодени за македонскиот пазар за пролет/лето 18.

Оваа сезона ќе биде претставена и новата колекција на обувки Rumor, со посебен акцент на практичноста кај секој од моделите. Rumor се враќа повторно кон оригиналната идеја за да биде јадро кое ќе овозможи развивање на домашниот талент. Некои домашни колекции ќе бидат за првпат изложени. И затоа една од поентите на овој PopUp е да се запознаат домашните со кои ќе може да се оствари идна соработка да бидат дел од колекциите продавани од Rumor shop.