Бремена руска туристка отишла на пливање во Црвеното море во Египет, недалеку од сопругот и докторот чија специјалност е породување во вода.
Хадија Хосни Ел Саид објавила неверојатни фотографии како таткото го изнесува новороденчето од водата, додека докторот носи креветче со постелнина.
Неколку минути подоцна од водата се појавила и мајката која им се придружила на останатите членови на семејството, меѓу кои било и едно постаро дете.