Ќе штити со години: Руски научници работат на вакцина против корона која развива клеточен имунитет

Добивај вести на Viber

Руската Федерална медицинска и биолошка агенција работи на вакцина против вирусот корона, кој развива клеточен имунитет, бидејќи тој може да трае од 13 до 17 години, пренесува Спутник.

- Антителата обезбедуваат имунитет на вирусот само неколку месеци - изјави Вероника Скворцова, шеф на Федералната агенција за биомедицина, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

- Ја достигнавме првата верзија, сега се подготвуваме за клинички испитувања. Се надеваме дека ќе ги започнеме во втората половина на годината.

Вчера пристигна веста од Русија дека поднеле барање за одобрување на нова вакцина против коронарниот вирус „Спутник лајт“, која обезбедува краткотраен имунитет и се дава во една доза. Целта на научниците беше да обезбедат што е можно поширок спектар на вакцини во најкус можен рок за да може да се стави под контрола пандемијата на Ковид-19.


Извор: агенции

Фото: freepik.com

Може да ве интересира:

Мислат дека Ковид19 не постои, а кога заразат некој свој се удираат со тупаница по глава: Сведочење на лекари

Молекуларен биолог убедува: Не треба да паничиме за новите соеви на коронавирус