Сè блеска од гламур, новогодишна елка како од филмовите, ирваси, а само да го видите дворот: Вака Карлеуша го украси домот за празниците (ВИДЕО)

Јелена Карлеуша ужива во украсувањето на домот пред Нова година и нејзината декорација е секогаш на завидно ниво, што е случај и годинава. Таа објави видео од нејзиниот дом, од дворот, влезната врата и дневната соба и покажа како изгледа нејзината новогодишна декорација. 

Карлеуша шокираше со декорацијата која веројатно ја чинела неколку десетици илјади евра, а покрај дневната соба пејачката го украсила новогодишно и целиот двор. 

Пејачката објави неколку кадри на Инстаграм и ни даде можност да видиме како изгледа нејзиниот дом за празниците.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleua (@karleusastar)


Големите златни топчиња кои ги комбинираше со преслаткиот ирвас создадоа вистинска магија. Неколку цвеќиња и многу бели детали ја направија нејзината елка да изгледа како оние што ги гледаме во американските филмови или домовите на познатите холивудски диви. 

Јелена уште еднаш покажа дека ги следи трендовите, не само кога е модата во прашање, туку се труди и својот дом да го опреми според најновите модни трендови. 

Нема сомнеж дека секој што ќе помине покрај домот на Карлеуша ќе биде воодушевен. 


Фото и Видео: Инстаграм - ЈК

ГАЛЕРИЈА: