Сè е во деталите: Француските модни икони во необични невестински фустани на венчавката
Фото насловна:Profimedia
Се повеќе
бараме инспирација во минатото,
а сега ќе го комбинираме стилот на Французинките и нивниот избор за нивниот
најважен ден - венчавката.
Парижаните нè инспирираат повторно и повторно. Брижит Бардо е само една од француските убавици кои не инспирираат да експериментираме со комбинации на коса, шминка и облека, а сега решивме да нурнеме малку подлабоко и да најдеме инспирација за избор на венчаници во гардеробата на француските модни икони.
Брижит Бардо
Можеби најубавата русокоса од Франција се омажи за актерот Жак Шарие на 18 јуни 1959 година, во розов кариран фустан и балетанки. Дали има нешто што е повеќе во тренд оваа пролет од тој дезен, па дури и во розова боја?
Лулу Де Ла Фалез
Модната икона и муза на покојниот моден дизајнер Ив Сен Лоран, облечена за денот на нејзината венчавка во манир на ориентална принцеза. Турбан и детали во боја. Да и да!
Џејн Биркин
Боемската кралица се облекуваше од глава до пети во нејзин стил за денот на нејзината венчавка за Серж Гејнсбург. Венчаница Бохо и букет цвеќе во рацете како прототип на вкус и стил на 60-тите години на минатиот век.
Инес Де Ла Франсанж
Во 1990 година, модната икона и муза Карл Лагерфелд се омажи за бизнисменот Луиџи Урсо во градска општина на југот на Франција. Прекрасен комплет од минималистички стил и шапка како детаљ што го украде шоуто.
Кетрин Данев
Иконата на француското кино и исто така музата на Ив Сен Лоран, носеше венчаница за една улога во филмот. Мини фустан со затворен горен дел и превез е совршена инспирација за оние млади луѓе кои сакаат нешто малку поразлично.
Фарида Келфа
Во септември 2012 година, поранешната манекенка и модна икона се омажи за бизнисменот Хенри Сејду во Париз. Покрај совршената венчаница со груба и ретка чипка, на оваа совршена венчавка присуствуваа и Карла Бруни-Саркози и Ел Мекферсон.
Фото: pinterest.com
Можеби ќе ве интересира:
Даниела ја позајмува венчаницата: Мисијата е остварена ако половина од нив ја почувствуваат мојата среќа