Сакал да ѝ ја спречи венчавката: 128 дена затвор ќе треба да одлежи поранешниот сопруг на Бритни Спирс поради упадот на свадбата

Добивај вести на Viber

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер е осуден на 128 дена затвор поради незаконскиот упад на имотот на пејачката, во јуни во Лос Анџелес, на денот на нејзината венчавка со Сем Асгари, пишува „Independent“.

По тој упад против Александер е обвинет за четири прекршоци, од кои еден за вандализам и прекршок по инцидентот. Тој се изјасни за невин, но судијата во округот Вентура, Калифорнија, кажа дека има докази за спротивното. Поранешниот сопруг на Бритни Спирс вчера беше прогласен за виновен за тежок прекршок и вознемирување.

Бритни Спирс и Џејсон Александер биле пријатели од детството. Тие се венчаа во 2004 година, а се разведоа 55 часа подоцна. На денот на нејзината венчавка, тој упаднал, велејќи му на обезбедувањето дека пејачката го поканила на свадбата. Пред тоа во директен пренос на Инстаграм објави дека има намера да ја уништи забавата. „Таа е мојата прва сопруга, мојата единствена сопруга“ - викал тој.

За среќа, не ја спречил Бритни да се омажи за Сем, а против пејачката неодамна „го крена гласот“ и нејзиниот поранеш сопруг Кевин Федерлајн, кој тврди дека нивните синови по сопствена волја не ја гледаат мајка им со месеци. Она како и нејзиниот сегашен сопруг остро го демантираа ова, а потоа Федерлајн објави видео на кое музичката ѕвезда ѝ вика на момчињата.

фото: Принтскрин / Инстаграм