Сакала да се самоубие, трпела страшни навреди: Денес познатата манекенка е среќно вљубена

Манекенката Вини Харлоу (26) и нејзиното момче Кајл Кузма (25) беа фотографирани заедно по вечерата во луксузен ресторан во Малибу, а Харлоу изгледаше многу волшебно по тој повод.

Имено, вљубената двојка беше фотографирана на вечера во „Нобу“ во Лос Анџелес, неколку дена по Денот на вљубените, бидејќи на тој датум Кајл беше на пат со тимот на Лејкерс. Па така, нивниот романтичен ден беше одложен за денот кога тој се врати.

По тој повод, Вини се одлучи за светло розев фустан, со свилен завој околу половината и розова чанта „Фенди“, а облече и беж салонки со црни врвки. Манекенката ги стави своите долги и совршено обликувани нозе во преден план, а во фустанот се гледаше нејзината совршена силуета.


Вини имаше црна заштитна маска на лицето, додека ја остави долгата коса пуштена надолу, а целиот изглед го заврши со дијамантски ѓердан.

Од друга страна, Ѕвездата на НБА, Кајл беше во многу порелаксирана комбинација - искинати фармерки и беж маица, над која носеше кафеава јакна. Кошаркарот носеше длабоки црно-бели патики и бела заштитна маска на лицето.

И покрај тоа што страда од нарушувања на пигментацијата на кожата или вилитис, канадската манекенка е многу успешна во својата работа.

Родена е во 1994 година во Торонто и по потекло е од Јамајка.

Кога имала 4 години и дијагностицирале вилитиго. Поради оваа кожна болест, таа била навредувана на училиште и нарекувана со „зебра“, „крава“ и многу други погрдни имиња. Токму поради вербално вознемирување од нејзините врсници, Вини честопати морала да менува училишта, па дури и планирала да се самоубие.

Сепак, нејзиниот живот се смени преку ноќ. Се разбира, на подобро. Имено, Вини беше откриена на Инстаграм во 2014 година од познатата манекенка Тајра Бенкс. Харлоу учествуваше во шоуто „Следниот врвен модел на Америка“ и беше прва од Канада која влезе во 14-те финалисти на ова натпреварување

После тоа, нејзината кариера ттргна кон врвот. Таа соработува со многу брендови и сега е една од најценетите светски модели.


Фото: Инстаграм