Сакам господин на улица, готвач во кујната, пастув во креветот: Со години нè учат што сакаат мажите од жената, епа сега и јас имам барања
Жената треба да знае каде е нејзиното место, затоа еве жени, најдете си место, пишува Неда Пармаж, хрватската пејачка, која ги коментираше машко-женските односи на Инстаграм и воодушеви многумина со својата објава.
„Со години слушаме и со години нè учат што сакаат мажите од жената, односно какви жени ги „палат“.
Сакаат дама на улица, домаќинка во кујна и курва во кревет. Со години ни сервираат написи за тоа како да се однесуваме кога сопругот се враќа дома од работа. Се сеќавам на еден напис: „Испратете ги децата во собата, тие мора да бидат тивки, послужете му вечера, не прашувајте ништо, зборувајте само ако тој ви се обраќа прв“... Дури и на свои уши сум слушнала „ако те удри малку, си заслужила“.
Седам на кафе пред некој ден, а девојка и момче до мене... Таа е дотерана од глава до петици, усни, гради, јапонски веѓи, француски маникир, фризура, трепки, шминка... А момчето, едвај исчешлано и во бермуди... Сигурна сум дека има исклучоци, момци што излегле од пештерата и врв не им е да зјапаат во „огнот“. Очигледно ние жените сме еволуирале, многумина од нас имаме две или три работни места, деца, домаќинство ... Дали е можно се уште да не привлекуваат пештерски луѓе во бермуди со едвај исчешлана коса и со истите желби?! “, прашува пејачката.
"Жената треба да знае каде е нејзиното место, затоа еве ви жените, најдете си место. Еве, сега и јас како жена имам некои барања од мажите, сигурна сум дека многумина ќе се согласат со мене. Сакам господин на улица, готвач во кујната, батлер во тоалет, бејбиситер во паркот, масер - каде сака, може и во кревет, а може и на кауч, психотерапевт во дневната соба и, се разбира, пастув во кревет. Ако се сетам на нешто друго, ќе напишам... ", заклучи таа.
извор:stil.kurir.rs