Сакате да купите Самсунг Галакси С8, но загрижени сте за можни оштетувања на неговиот стаклен екран?

Добивај вести на Viber

Сега, уживајте во вашиот нов уред со дополнително осигурување во случај на оштетување на екранот во рок од една година

Самсунг Галакси С8 (Samsung Galaxy S8) е премиум смартфон светски препознатлив по неверојатната елегантност и заоблен екран целосно изработен од стакло. Што се случува кога уредот ќе ви падне и ќе се појават пукнатини на неговата деликатна надворешност? Секако, постојат голем број маски за Самсунг Галакси С8 телефони, но каква опција покрај оваа постои доколку вашиот телефон случајно падне и се оштети, а притоа да не го оштети вашиот џеб?


Сега можете да уживате во вашите нови Самсунг Галакси С8 и С8+ уреди со дополнителното осигурување во случај на оштетување на екранот кое важи една година!

Во рамки на оваа програма, со купување на Самсунг Галакси С8 или Самсунг Галакси С8+ уред од овластените Самсунг продавачи и со бесплатна регистрација на страницата www.mondialwebapplication.com/samsungдобивате можност при оштетување на екранот и негово кршење, истиот да го замените по цена од 99 €, наместо по досегашната цена од 300 €. Оваа промоција важи за сите уреди купени до 31.03.2018 кои успешно ќе се регистрираат на погоре наведената страница во рок од 7 дена од датумот на купување на уредот.


При регистрација на уредот и соодветно внесување на потребните податоци (ИМЕИ код на телефонот и скенирана сметка со која е купен уредот), корисникот ќе добие автоматски генерирана полиса за осигурување во електронска форма која треба да ја отпечати. Со завршување на оваа процедура, корисниците ќе можат да ја користат услугата “Сервис за оштетување на екранот“, притоа приложувајќи ја испечатената полиса за осигурување и сметката која ја добиле при купување на уредот.

Во рамки на дополнителниот сервис опфатени се случајни физички оштетувања на екранот предизвикани од пад на уредот или со други случајни постапки, како и случајните оштетувања на екранот предизвикани од удар или оштетувања создадени случајно под влијание на надворешна сила.