Сакав да го контролирам мојот сопруг, но тој ми одржа важна лекција

Зошто не ги правеше работите онака како што јас мислев дека треба?

Дали сакате да го контролирате вашиот маж или жена? Авторката на оваа статија сфатила дека се обидува да го контролира својот сопруг, но тој ѝ одржал важна лекција.

Да, бев лута, се разбира. Секако, имав опуштен и лесен ден на работа, но сепак беше работа. Бев на работа. Така, тој требаше да ги подучува нашите деца дома. Тоа беше договорот. Па зошто не ги правеше работите како што јас мислев дека треба?

Три години се занимавам со домашно подучување на нашите ќерки и ќе бидам првата што ќе признае дека воопшто не е лесно. Баш пред некој ден реков дека овој начин на настава мора да биде ваш повик или ќе ви биде многу тешко.

Кога јас и мојот сопруг решивме да се вратам на работа со полно работно време, тој се согласи да ги преземе сите обврски за домашно школување на нашите ќерки. За да можат да бидат заедно и да уживаат како семејство додека ме нема. Совршено!

Но, во саботата седев на работа и кога го прашав сопругот како го поминуваат денот, тој напиша: „Добро, малку сме мрзеливи“.

Молам што??? Тој треба да ги учи нашите деца.

„Дали завршивте со училиште?“, прашав брзо.

„Не завршивме сè, но ќе завршиме“, ми одговори.

Потоа продолжив да го испрашувам за нашата петгодишна ќерка и за тоа колку има направено дотогаш, бидејќи знаев дека ќе ѝ биде тешко да остане фокусирана бидејќи беше сè уште мала. Во тој момент само видов што правам вообичаено и сакав да се уверам дека тој прави сè точно како што јас би направила. Според моите стандарди. Знаете како јас би го направила тоа.

Додека продолжив да го испрашувам, тој само ми одговори: „Едноставно ќе мора да ми веруваш за ова“.

Не му верував. Постојано барав да ми пријави како да сум негов шеф, а не партнер

И тогаш всушност сфатив што правам. Не му верував. Постојано барав да ми пријави како да сум негов шеф, а не партнер. Очекував од него повеќе отколку што можев да направам. Знаев дека нашето 2-годишно дете е болно и дека повраќаше тоа утро. Ме информираше за тоа како и е и колку ѝ се подобрила состојбата. Тој веќе имаше многу напорен ден.

Тука беше и вистината. Колку пати сум почнала со училиште после ручек? Многу пати. Колку пати ми бараше извештаи за тоа како се занимавам со образованието на децата додека тој беше на работа?

Ниту еднаш. Уф…

Сакав да го контролирам мојот сопруг

Тогаш сфатив дека се обидувам да го контролирам. Очекував да направи се што јас би направила кога би бил на негово место. Или уште полошо: очекував дека ќе биде совршено.

Поради ова, тој можеше да добие чувство дека не му верувам во она што му е доверено, и искрено, како ќе се чувствувам ако ме испрашува толку многу кога првпат почнав со домашно школување? Таквото образование е доволно тешко без да се чувствувате како некој постојано да ви дише во вратот.

Факт е дека тоа беше и негов повик. И двајцата целосно се согласивме дека домашното школување е она што Бог го сака за нашите деца. Мојот сопруг ги сака нашите деца и го сака само најдоброто за нив, како и јас, и ќе направи се за нив. Тој беше во право. Требаше да му верувам. Требаше да верувам во неговите способности и за доброто на нашиот брак, тој требаше да знае дека му верувам. Можеби не прави секогаш сè како што би правела јас, но тоа не значи дека неговиот начин е погрешен. Го знаев тоа во моето срце. Но, требаше да го поткрепам тоа со моите постапки.

Сè правеше од љубов и посветеност кон нашите девојки

Подоцна, без мое поттикнување, тој испрати порака за тоа како нашата 5-годишна девојка одлично се справила со нејзините вежби за зборување. Кога дојдов дома, видов дека ја изложил нивната работа на ѕидот во трпезаријата. Се гордеев со него, но не само затоа што направи сè како мене. Бев горда затоа што правеше сè на свој начин. Сè правеше од љубов и посветеност кон нашите девојки. Ова не беше видливо само на хартиите на ѕидот. Тоа се покажа во насмевките на нашите ќерки и во начинот на кој тие се однесуваа кон другите.

Знаев дека предава фонетика, но во исто време ги обликуваше младите умови да се приближат уште повеќе до Исус. Бев неописливо горда на тоа и знаев дека не треба да го контролирам.

Автор: Бри Говен; Извор: Faithit.com

Foto: Freepik.com