Само ако имаш здрав ум можеш да живееш само со еден партнер: Тврди познатиот психолог Лабковски

Познатиот руски психолог без влакна на јазикот со совети за љубовта

Михаил Лабковски е руски психолог познат по своите жестоки забелешки за љубовта, животот и жените. Тој е психолог триесет години и никој не останува рамнодушен на неговите совети и коментари, некои ги прифаќаат, а некои жестоко ги негираат.

Иако не се согласуваат сите со неговите совети, неговите зборови имаат огромна моќ. Тие се базираат на цинизам и долгогодишно искуство, а ние ги издвоивме најинтересните:

Љубов

Љубовта ја мериме според нивото на страдање. Во здрава љубов - се работи за тоа колку сте среќни. Жената никогаш не треба да го толерира она што не и се допаѓа во врската. Веднаш треба да зборува за тоа, а ако мажот не се промени, да се разведе од него.

Осаменост - тоа не е недостаток на љубов, тоа е отсуство на личен интерес, уште од детството.

Мажите се како деца, им се допаѓа кога жената има карактер.

Гаранцијата за среќен семеен живот, брак и секс само со еден партнер е само во една - стабилна психа. Без отстапки и компромиси - сето тоа е директен пат до кардиолог или онколог. Кога мажот има стабилна психа, тој може цел живот да живее со една партнерка.

Ако сакате да се омажите, сте во врска или дури и да живеете заедно шест месеци или една година и ништо да не се случи, треба еднаш да го прашате дали сака семејство и брак. Ако мажот не е подготвен да основа семејство, тоа значи дека е време да се збогуваме со него. На убав начин, се разбира. На пример: „Имам силни чувства кон тебе и ќе продолжам во истиот дух, но далеку од тебе“.

Ако не ви е удобно со маж на првиот, вториот или третиот состанок, не организирајте четврти. На првиот состанок мажот се претставува во најдобро светло, а ако и тогаш не ви е удобно со него, тогаш и во иднина ништо добро нема да дојде од таа врска.

Кога станува збор за млади, успешни и убави жени кои не можат да најдат партнер затоа што наводно имаат високи стандарди и очекувања, тие всушност се плашат од врски.

Ако човекот го замени целиот свет со друг човек, тоа значи дека тој нема свој свет.

Што треба да направите за да стапите во брак? Сè на сè, треба да направите само една работа - да бидете свои. Доволно е.

Луѓето кои не се сакаат себеси не можат да бидат сакани, затоа не можат да бидат среќен пар.

Престани да се жалиш!

Што сакате кога некому се жалите за вашите проблеми? Сакате да се жалите, а не да решавате проблеми. Тоа е некој вид култ на плачење - наш изум. Полесно е да страдаш отколку да живееш среќно. Здравиот човек или ќе ја прифати ситуацијата таква каква што е, или ќе ја промени. Невротична личност нема да го стори ниту едното ниту другото. Ова важи и за физичката болест - додека психички здрава личност се лекува од болест, невротичната личност ќе сака да биде болна, бидејќи на тој начин ќе има причина да се жали. Тоа е речиси хоби - измислување проблем за себе и страдање поради тоа.

Љубов кон самите себе

Скромноста не е доблест. Поради комплексноста, несигурноста и ниската самодоверба, девојката живее без секс и врски, не затоа што е лоша туку затоа што се однесува лошо кон себе. Задачата на психологот е да ја спаси од тоа.

На никого не му треба некој што не си треба себеси. Оној кој се прифаќа себеси таков каков што е - живее исполнет живот и покрај сите можни секојдневни проблеми.

Променете се себе си, не другите

А тоа се однесува пред сѐ на воспитувањето на децата. Не можете да ги натерате да направат нешто ако не го направите сами. Децата учат не што им кажувате, туку гледат што правите и како се однесувате со другите. Во овој случај, советот на стјуардесата е многу корисен: прво ставете ја маската за кислород на себе, па дури потоа на детето.

Не плашете се од среќата

Повеќето луѓе пораснале во семејства кои не практикуваат да уживаат во животот и каде што членовите немаат навика да кажат дека се добро и среќни. Неспособноста на родителите да се радуваат и да се смеат се пренесува и на децата, кои почнуваат да мислат дека така функционира светот. Друга грешка е да мислите дека треба да платите за сè добро подоцна. Се плашиме да чувствуваме задоволство во животот и го поврзуваме со нешто скршено.


Фото: Youtube - screenshoot

Извор: стилкурир