Само две жени меѓу најдобрите 10: Објавена новата листа со најплатени актери

Добивај вести на Viber

Американецот Рајан Ренолдс е најплатениот актер за 2019 година, со 27 милиони долари заработка за филмот "Six Underground", објавува американското филмско списание “Variety”.

На листата на најплатени, за филмови кои ќе ја имаат својата премиера оваа или до средината на следната година, дури на петтото место се наоѓа Емили Блант, со 13 милиони долари, за продолжението на хоророт “A Quiet place 2”.

“Variety” исто така наведува дека Нетфликс моментално исплаќа највисоки хонорари, а платите се повисоки, бидејќи нема опција да се подели профитот, а платформата најчесто се потпира на претплатите.

Забележано е дека некои имаат побогати договори, бидејќи не само што играат во одреден филм туку и продуцираат, како што е случајот со Марго Роби.

Листата на најплатени актери и актерки изгледа вака: 

1. Рајан Ренолдс – 27 милиони долари, Six Underground/Netflix

2. Двејн Џонсон – 20 милиони долари, Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw/Universal      (2. август 2019)

   Роберт Дауни Џуниор – 20 милиони долари, The Voyage of Doctor Dolittle/Universal (17. јануари 2020)

3. Вил Смит – 17 милиони долари, Bad Boys for Life/Sony (17. јануари 2020)

4. Том Круз – 14 милиони долари, Top Gun-Maverick/Paramount (26. јуни 2020)

5. Емили Блант – 13 милиони долари, A Quiet place 2/Paramount (15. мај 2020)

    Џејсон Стејтам – 13 милиони долари, Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw/Universal (2. август 2019)

6. Бред Пит – 10 милиони долари, Once Upon a Time in Hollywood/Sony (26. јули2019)

    Гал Гадот – 10 милиони долари, Wonder Woman 1984/Warner Bros. (5. јуни 2020)

    Леонардо ди Каприо – 10 милиони долари, Once Upon a Time in Hollywood/Sony (26. јули 2019)



7. Марго Роби – 9 до 10 милиони долари, Birds of prey/Warner Bros. (7. Февруари 2020)

8. Идрис Елба – 8 милиони долари, Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw/Universal (2. август 2019)

  Бен Афлек – 8 милиони долари, Triple Frontier/Netflix (15. март 2019)

9. Кристен Стујарт – 7 милиони долари, Charlie’s Angels/Sony (15. ноември 2019)

10. Мартин Лоренс – 6 милиони долари, Bad Boys For Life/Sony (17. јануари 2020)