Само здрава и среќна мајка може да воспита здрави и среќни деца: Утринско кафе со Маргарита Каранфилов

Денот ми започнува со подготовка на децата за градинка. Бидејќи се будиме скоро 15 минути немам време за прво кафе. Кафе пијам на раат, откако ќе ги оставам децата во градинка. Потоа се подготвувам за работа, онака опуштено, без брзање, бидејќи почнувам од 9 часот.

Првото кафе најчесто го пијам со домашните, а најмногу уживам да го пијам сама бидејќи не сум личност која е расположена за муабет толку рано наутро.

Мотивација за добро расположение и убав ден секогаш ми е времето надвор, убава песна и децата. Во принцип сум личност која многу сака музика. Слушам музика додека се спремам за на работа, додека патувам кон работа и цел ден на работа.
Децата ми се мотивација за добар живот. Тие ме мотивираат да бидам среќна, да се радувам на малите работи во животот, да се грижам за себе, бидејќи здрава и среќна мама = здрави и среќни деца. 

Пред да се вработам единствена обврска ми беше да ги однесам и да ги земам децата од градинка, секако и домашните обврски, сега веќе еве пола година обврска ми е и одењето на работа.
Бидејќи вработен човек нема многу време за планирање на плус планови, однапред  планирам излегување низ град, кафе со пријателки итн. Тоа обично кај мене е договарање и одење веднаш или најкасно за саат време.
После работното време, денот го поминувам со децата и откако ќе заспијат си планирам и посветувам време на самата себе. 

На крајот од денот често играме друштвени игри со децата (играме карти, не лути се човече итн.), цртаме и боиме и учиме бројки и букви. После тоа пола саат се молиме за спремање за спиење, 15 минути се спремаме и најкасно до 22 часот се успиваме.
До пред шест месеци времето откако ќе заспеја децата го поминував со сопругот во планирање на утрешениот ден, импресии кој како го поминал денот и на крај добар филм. Сега, откако тој е во друга држава, останатото време си го посветувам на самата себе. 

Љубител сум и на добра книга и на добар филм, зависи од периодот и расположението. Морам да признаам дека порано повеќе читав, една книга читав за еден ден, а не беше со мал број на страни. Ми фали тој период. Еве си ветувам дека што побрзо ќе најдам добра книга (а не постои лоша книга) и ќе седнам да читам.


* Маргарита Каранфилов - Инстаграм блогерка*