Самотија и солзи на една мајка: Дојдоа тешки времиња, потешки и од црната земја

Ова е една многу тажна исповед на мајка која ги растажи сите поради недостигањето за нејзините деца. 

Нејзините зборови го отсликуваат животот на секоја мајка што страда за своите деца кога ќе се раздели од нив.

„Вашата мајка издржа сè, додека ве хранеше и ве одгледуваше, се борев за вашата среќа, никогаш да не бидете гладни, жедни, болни и разголени. Додека ве нишкав во моите раце, солзи радосници леев, целата своја љубов мајка ви ви ја даваше.
Мајка ви работеше, таа носеше многу товар на грбот, се бореше за вас во текот на целиот живот.
Се молев на Бога само за вашето здравје, да ве изнесам на вистинскиот пат и да ви ја дадам целата љубов и внимание… Ех, мои драги деца… неверојатно колку брзо поминаа годините, мислев дека нема да леам повеќе солзи.
Гледам дека времето го направило своето, сите тргнавте по свој пат, а јас, останав сама, да ги чувам и гледам вашите слики, да го чувам огништето.
Денес, како и порано, мајка ви е среќна со парче леб, моите солзи не се од болест и глад, туку од осаменост и тага. Моите очи се жедни за вас, моите раце сакаат да ве гушкаат.
Вашата мајка плаче и ги брише солзите додека си ги повикува децата да дојдат затоа што вашата мајка повеќе не може да ја издржи самотијата…“


извор:iscra-islama.net