Samsung го претстави ClimateHub, своето прво интегрирано решениеза греење и довод на топла вода
ClimateHubе новото интегрирано решение на компанијата Samsung за греење и снабдување со топла вода во домаќинствата. Преку лесна монтажа, едноставно движење, бесшумна работа и паметно поврзување,Samsung има за цел да ги направи домовите повеќе практични за инсталатерите и повеќе комфорни за крајните корисници.
Samsung ClimateHub е исклучително функционален систем на климатизација. Тој се состои од реверзибилна топлотна пумпа со средство за ладење R32, вграден резервоар за топла вода со волумен од 200 или 260 литри и нов регулатор кој е осетлив на допир, кој воедно овозможува и контрола на температурата. Системот е достапен во Mono и Split верзии.
Mono и Split системи
ClimateHub Monoконфигурацијата има надворешна хидро единица,која ја олеснува монтажата и нема потреба од лиценца за F-гас. Овој систем е достапен во повеќе опции кога е во прашање капацитетот, тие варираат од монофазни варијанти од 5-8-12-16kV, до оние со трофазен капацитет од 8-12-16kV. Кога е во прашање Split системот, надворешната единица е со резервоар поврзан со цевки од разладните средства и овој модел е достапен во 4-6-9 kW (монофазни) и 9kW (трофазни) варијации. Двата системи можат да се поврзат на Smart Grid режим, овозможувајќи максимално искористување на предностите, односно економично и одржливо снабдување со електрична енергија. ClimateHub може да се поврзе и на соларен погон, штедејќи на трошењето енергија преку обновливи ресурси. Поради високиот степен на енергетска ефикасност и Mono и Split системите доаѓаат со А+++ ознака за просечна сезонска ефикасност на греење на просторот, врз основа на излезна температура на водата од 35°C.
Хидро единица со вграден резервоар
Хидро единицата на Samsung ClimateHub системот доаѓа со вграден резервоар и е дизајнирана до најситните детали. Достапна во опција од 200 или 260 литри, единицата подразбира повеќе типови на монтажа и се вклопува во различни објекти, од мали станови до големи куќи. Помошниот грејач е постојано вклучен, за греењето да е константно.
Речиси бесшумна работа
Денешните клима уреди мора да ги исполнуваат сите услови за работа во однос на интензитетот на бучава. Тивкиот 4-Step режим на ClimateHub системот на своите корисници им овозможува намалување на бучавата на неверојатни 35 dB(A)[1].
Едноставна инсталација и сервисирање
Хидро единицата со вграден резервоар е со компактна големина (595 x 700 mm) и се карактеризира со модуларен дизајн, што овозможува едноставна монтажа. Поради интуитивното сервисирање, движењето и одржувањето може да се направи со минимални напори, употребувајќиMicro SD картица или Samsung S-Checker мобилната апликација.
Паметно поврзување
Со ClimateHub системот,компанијата Samsung го претстави и новиот регулатор со повеќекратни јазични опции и живописниот приказ на бои, осетлив на допир. Регулаторот е задолжен за подесување на температурата по зони, поставување во летно време, следење на потрошувачката на енергија, како и евентуалните грешки. Со употреба на опционалниот Wi-Fi пакет, различните аспекти од системот можат да се контролираат преку Samsung SmartThings апликацијата[2]на паметните телефони, овозможувајќи поврзување со останатите куќни апарати и електроника.
[1]35dB(A) се достапни со Split единиците од 6kW и 9kW на температури повисоки од +4°C. Нивото на звучниот притисок е релативен и зависи од растојанието од акустичната околина и варира во однос на условите.
[2]Достапна на Anroidи iPhone уреди.Интернет поврзувањето е неопходно, како и налогот на Samsung апликацијата.