Samsung одбележа нова ера на иновации на виртуелниот настан “Life Unstoppable”

Добивај вести на Viber

Претставени најновите интелигентни и поврзани производи

КомпанијатаSamsung Electronics Co.Ltd. ги најави најновите достигнувања во полето на мобилните уреди, носечките уреди, ТВ, аудио и апаратите за домаќинство на виртуелниот настан „Life Unstoppable“, со цел да претстави како оваа линија на производи за 2020 година ќе го подобри животниот стил на корисникот.

Виртуелниот настан „Life Unstoppable“ означува нова епоха на иновации и е еден од начините на кои Samsung ги поместува границите кога се во прашање можностите на технологијата. Пионерскиот и интерактивниот виртуелен свет ги оживеа Samsung иновациите насочени кон човекот во новото гејмификувано искуство.

Оваа година, односот на корисникот со технологијата се интензивираа поради потребата да останат поврзани со светот. Samsung технологијата и производите нудат сеопфатно решение, спојувајќи ги сите елементи на живеење, работа и забава.

Samsung ги прикажа најновите, револуционерни производи:

·  The Premiere – паметен проектор кој ја подигнува домашната забава на повисоко ниво

·  Odyssey G5 – монитор, со кој Samsung продолжува да биде пионер на полето на гејминг искуствата

·  Потполно новите членови на проширеното Galaxy семејство Tab A7, Galaxy Fit2, A42 5G и Galaxy Z Fold2


·  Трио безжично подножје за полнење, кое што им помага на корисниците да одат во чекор со барањата на животниот стил


·  RB7300T Classic фрижидер со SpaceMax™ технологија и прилагодливите Bespoke frižiderima, кои што ќе бидат премиерно претставени на европскиот пазар

·  WW9800T машина за перење и DV8000T машина за сушење на алишта, со решенија за паметно учење и можности за поврзување.

„Оваа година односот на човекот со технологијата е изменет на начин на кој што никој не можеше да очекува“, рече Benjamin Braun, директор на маркетинг на Samsung за Европа.Во компанијата Samsung, не само што ги прифаќаме овие промени, туку и се трудиме да бидеме во чекор  понапред и да воведуваме иновации кои ќе ги исполнуваат идните потреби на корисниците. Неуморни сме во мисијата да создадеме автентична, револуционерна технологија и не постои подобар начин да ја најавиме линијата на производите за 2020 година, од оној со помош на виртуелното искуство.“

Нова димензија на забава внатре и надвор

Корисниците денес во своите домови поминуваат сѐ повеќе време со телевизорите, па потребата за што подобро искуство кое што го носи телевизијата никогаш не била поголема. Затоа, Samsung го претстави новиот паметен проектор, Premiere кој што го овозможува искуството од големото платно во удобноста на домот. Моделите доаѓаат во формати од 120 и 130 инчи кои што заштедуваат простор во куќата и можат да се користат било каде – потребен е само ѕид. Со едноставниот минималистички дизајн кој се вклопува во секој животен простор, Premiere се карактеризира со силни вградени вуфери, Acoustic Beam surround звук и најнапредни тројни ласери со 4K квалитет на слика. Premiere LSP9T е првиот проектор на светот со HDR10+ сертификат, така што обезбедува револуционерна боја и контраст кој што додава длабочина за попрецизни детали на сликата како во посветлите, така и во потемните сцени. Оваа година, ќе биде достапен на пазарите на Германија, Велика Британија, Франција, Швајцарија, Австрија, Холандија, Белгија, Италија, Шпанија и во Нордиските земји.

Компанијата ги претстави производите и решенијата кои ја преместуваат забавата од затворен на отворен простор. The Terrace е првиот екран направен за гледање надвор, кои со Terrace Soundbar звучникот има IP55 степен на заштита, па така и двата уреди се заштитени од надворешни влијанија како што се дождови, влага, прашина и инсекти. Terrace Soundbar звучникот има Adaptive Sound, кој ја анализира содржината која што корисниците ја гледаат за да го обезбеди соодветниот квалитет на звукот. The Terrace поседува и антирефлексна технологија за елиминирање на отсјајот со просек од 2.000 nit единици за осветлување на екранот и QLED 4K квалитет на сликата кој што се вклопува совршено во било која средина. The Terrace најпрво ќе се појави во Германија, Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија и Швајцарија, во големини од 55, 65 и 75 инчи.

Портфолиото на телевизори на компанијата Samsung нуди мноштво различни модели, вклучувајќи го и The Sero, првиот телевизор во светот кој е прилагоден за мобилни телефони. Оптимизиран за да прикажува содржина на голем екран само со еден допир на мобилниот телефон, The Sero веднаш го пресликува екранот на телефонот во QLED квалитет на слика.

Како што желбата за голем TV екран и содржина никогаш не била поголема, продолжува и вложувањето во сѐ поголеми и подобри уреди, како 8К модели, а Samsung на оваа поле се издвојува од сите други. Flegšip Q950 е револуционерен телевизор со потенка рамка од било кога досега, па односот на екранот и куќиштето е 99:1 процент. Со совршената слика доаѓа и беспрекорен звук, со најновиот Samsung soundbar звучник. Моделите Q950T и Q900T имаат Q-Symphony функција која овозможува симфониски звук, како од ТВ уредот, така и од soundbar звучникот за оптимално искуство за забава (компатибилен е со избрани QLED телевизори).

Импресивно гејминг искуство

Индустријата за игри продолжува да се развива и претставува многу повеќе од пукање од прво лице или игри со авантури со улоги – игрите станаа место за поврзување со останатите и за споделување на нови искуства.

Samsung го нуди најдоброто можно искуство за играње, кога е корисникот во движење, преку Galaxy портфолиото и уредите како што е новиот Note20, или кога е во домот, со QLED TV уредите и Odyssey мониторите. Новите предводници на Odyssey мониторите, G9 и G7, можат да се пофалат со првиот закривен екран од 1,000 милиметри, со време на одговор од 1ms и стапка на освежување од 240Hz, ставајќи ги корисниците во центарот на играта. HDR10+ QLED екранот ја оживува сценографијата на игрите со квалитет најблизок до реалниот живот со оптималното осветлување и контраст. Сосема новиот Odyssey G5, кој сега е достапен за купување во одредени земји, се придружи на постоечките водечки модели. G5 ги содржи сите технологии кои можат да се очекуваат од Samsung гејминг мониторот со додаток на Flicker-Free технологија, која го намалува заморот на очите, така што играчите можат да одржуваат врвно ниво на игра подолго време.

Паметна технологија базирана на поврзување на уреди

Поврзаните искуства се наоѓаат во срцето на Samsung, а производите од безжичниот Galaxy екосистем совршено се комбинираат, за да им помогнат на корисниците максимално да го искористат секој момент. Со корисниците кои што живеат, работат и се забавуваат во ист простор, потребата од компактни уреди за забава никогаш не била поважна. Најновиот додаток на Samsung семејството на таблети, Galaxy Tab A7 нуди најдобро решение, додека неговиот 10,4 инчен екран сместен во симетричната маска со врвен метален завршен слој обезбедува елегантен и балансиран дизајн. Со соодносот на екранот и куќиштето од 80:20 проценти, Quad Dolby Atmos звучниците и долготрајната батерија, Tab A7 претставува врвно забавно искуство во движење. Со сосема новата Samsung Kids апликација која содржи разни едукативни и забавни содржини, истиот е погоден и за деца.

Оваа година продажбата на носечки уреди е двојно зголемена[1], бидејќи корисниците бараа начин како да одржат здрав животен стил. За да одговори на зголемената побарувачка, Samsung најави нови носечки уреди, Galaxy Fit2, кој ќе биде совршен фитнес партнер, со тенок и лесен дизајн, долготрајна батерија и напредни функции за следење. Овој уред автоматски детектира и следи до пет различни активности кои обезбедуваат увид на податоците за фитнес, како што се согорените калории на корисникот, пулсот, километражата и многу повеќе. Исто така го следи и спиењето, овозможувајќи дневна анализа и резултати. Врежаниот дизајн на  нараквиците ќе го намали потењето, додека 3D стаклениот екран доаѓа со повеќе од 70 различни теми, кои можат да се менуваат, за да можат корисниците да ја најдат најдобрата тема која одговара на нивниот стил. Со сето ова, може да се користи до 15 или 21 ден без потреба за дополнување[2], во зависност од подесувањата и употребата, тако што корисниците ќе можат да се фокусираат на своите фитнес цели без да се грижат дека уредот ќе се испразни.

Galaxy 5G го трансформираше искуството на поврзување на огромното портфолио на 5G уреди. Samsung објави дека новите 5G телефони Galaxy A42 5G ќе се приклучат на Galaxy A линијата на производи покасно оваа година. Со функциите кои корисниците можат да ги очекуваат од A серијата, вклучувајќи го и единствениот дизајн и новиот распоред на четиристраната камера, A42 5G доаѓа со 6,6 инчен Super AMOLED екран. Со тоа, овој модел нуди можности за непосредно поврзување преку супер брзото преземање и стриминг.

Минатата година, Samsung ја потресе индустријата со револуционерниот флексибилен паметен телефон, а продолжува да биде пионер на ова поле со моделот Galaxy Z Fold2. Оваа иновација во флексибилната технологија на телефони, која сега е достапна за нарачка во претпродажба, се надоврзува на наследството на Samsung со комбинирање на зачудувачки дизајн и револуционерно подобрен хардвер. Доаѓа во две бои – мистично црна и мистично бронзена – и благодарејќи на ненадминливата технологија на шарката, без напор се отстранува 6,2 инчниот преден екран, мерено од раб до раб, може да се прошири двојно, до 7,6 инчен извонреден главен екран.

Со технологијата која сега е помоќна од кога било, Samsung ја препознава и потребата за нови станици за полнење што можат да напојуваат повеќе уреди истовремено. Безжичниот полнач Trio e комплетно ново решение дизајнирано за полнење на повеќе компатибилни уреди истовремено.

Домашни уреди кои им помагаат на корисниците да го прилагодат својот животниот стил и да го прифатат одржливиот начин на живот

Samsung ја проширува својата понуда со прилагодливите домашни уреди, Bespoke фрижидерите, кои во Европа ќе бидат премиерно претставени во октомври. Овој модуларен фрижидер може да биде прилагоден на различни начини, со помош на бојата и материјалите за употреба. Покрај тоа, можностите за конфигурација се неограничени, бидејќи Bespoke на корисниците им нуди комплетна флексибилност да создаваат персонализирано искуство.

Најновите трендови покажуваат дека корисниците поретко ги посетуваат супермаркетите, а кога ги посетуваат купуваат повеќе, па Samsung ја препозна потребата за фрижидери кои го максимизираат купувањето и подолго ја чуваат храната свежа. RB7300T Classic фрижидерот нуди револуционерен капацитет за складирање, благодарејќи на единствената Samsung SpaceMax™ технологија која овозможува простор за складирање до 385 литри и три различни опции за висина, така што корисниците можат да одат на пазарење со подолги листи. Енергетските перформанси исто така им помагаат на корисниците да воспостават одржлив животен стил. Оптимизиран за заштеда, Digital Inverter компресорот автоматски ја подесува својата брзина во зависност од тоа што се наоѓа во фрижидерот, користејќи до 50 проценти помалку електрична енергија.

Samsung ја претстави и новата ера на паметни, енергетско ефикасни WW9800T машини за перење алишта и DV8000T машини за сушење алишта. Машината за перење алишта базирана на вештачка интелигенција, доаѓа со интуитивниот AI контролен панел кој автоматски ги памети посакуваните поставки и најчесто користените циклуси. Samsung EcoBubble™ технологијата исто така ја максимизира ефикасноста на детергентот, мешајќи го со воздух и вода за да го претвори во нежни меурчиња. Благодарение на култната технологија QuickDrive™, најновата линија на машини за алишта го намалува времето на перење до 50 проценти, со намалување на потрошувачката на енергија до 20 проценти.

Кога се споени, машината за перење и машината за сушење алишта базирани на вештачка иннтелигенција, накорисниците им пружат комплетно персонализирано искуство при перењето. Тие комуницираат преку Auto Cycle Link за автоматски да ги прилагодат соодветните параметри за сушење на алишта, кои се штотуку испрани. Новата машина за сушење исто така има топлинска пумпа од A+++ енергетската класа.

За повеќе информации за новата линија на производи во 2020. година, посетете ја страницата www.samsung.com или отворете го oвој линк .

#####

Life Unstoppable

Виртуелниот настан Life Unstoppable е прво искуство од овој вид, изграден на платформата за играње под името Unreal. Целиот Samsung екосистем оживеа во текот на овој настан, кој ги воведе гостите во виртуелниот Samsung дом со мноштво на говорници и специјални гости.  Платформата овозможи интеракција со повеќе од 25 производи од портфолиото на мобилни телефони, носечки уреди, TV и аудио уреди, како и домашни апарати.

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, паметните телефони, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја http://news.samsung.com.



[1]Технологијата на носечки фитнес уреди: Клучни трендови и статистики за 2020, Codete, Јуни 2020.

[2]Врз основа на просечното траење на батеријата во нормални услови на употреба.Просечните очекувани перформанси врз основа на нормална употреба. Вистинското траење на батеријата зависи од фактори како што се фреквенциите на употреба и шемата на употреба на апликациите. Резултатите може да варираат..