Samsung претстави проширен екосистем на уште поповрзани и разновидни услуги за следење на здравјето и благосостојбата

Добивај вести на Viber

Проширениот пакет алатки на Samsung поддржува попрецизно следење на здравјето, превентивна безбедност при возењето, медицински истражувања и подлабок увид во вашето здравје

Samsung Electronics на конференцијата „Samsung Developer Conference 2022“ (SDC2022) која се одржа вчера ја претстави новата серија на алатки кои ќе им помогнат на програмерите и заедницата да ги обликуваат навиките за здравје и безбедност. Овие алатки ја вклучуваат програмата Samsung Privileged Health SDK за одредени партнери, Fall Detection API за поддршка на безбедноста на корисниците, ново истражувачко решение на Samsung end-to-endза образовни, клинички и здравствени програмери, како и тековни можности за партнерите  кои  го користат Health Connect .

„Здравството е длабоко вкоренето во нашите во нашата напредна технологија за хардвер и сензори и е поддржана од нашиот отворен екосистем и заеднички пристап. Затоа сум возбуден што можам да ги објавам проширени алатки за програмери, API и партнерските понуди кои им овозможуваат на практичарите, истражувачките центри и универзитетите да ги унапредат способностите за следење и увид на уредите за носење за пошироко здравје, благосостојба и безбедност“, рече Тае Јонг Џеј Јанг, извршен подпретседател и лидер на тимот за здравствено истражување и развој на Мобилното искуство за бизнис, Samsung Electronics. 

Samsung Privileged Health SDK: унапредување на превентивната безбедност при возење

Samsung соработува со дел од индустриските лидери за да развие персонализирани опции за следење на здравјето. Со безбедноста како една областите од фокус на Samsung, оваа соработка ќе резултира со сосема нови превентивни алатки за да се идентификуваат раните знаци на замор и стрес на возачот со цел да се направат патиштата побезбедни.

Samsung и неговата соработка со компанијата Tobii, глобален лидер во следење на движењето на очите и компјутерите фокусирани на анализирање и предвидување на обрасците на човечкото внимание што развива софтвер за следење на поспаност, е само еден од примерите. Доколку корисниците дадат дозвола, Samsung Privileged Health SDK му овозможува на Tobii да ги почувствува отчукувањата на срцето во реално време снимени со сензорите на паметниот часовник Galaxy Watch и да ги обработи со цел да го одреди нивото на поспаност на корисникот. Исто така, Harman, компанијата која е лидер во технологијата за поврзани автомобили, аудио иновации и решенија за IoT, неодамна го претстави Ready Care, автоматско откривање во кабината од крај до крај и приспособеното решение за безбедност и удобност на возачот. Покрај откривањето на одвраќање, замор и витални знаци, корисниците можат да дозволат Ready Care да го мери когнитивното оптоварување и нивото на стрес, аможе да дава и предлози за алтернативни правци за намалување на стресот на возачот.

Услуги за следење на здравјето: Нов API за откривање падови за поголема безбедност

Health Services обезбедува API-и кои им овозможуваат на програмерите и останатите да ги користат моќните сензори и алгоритми на паметниот часовник Galaxy Watch за попрецизни и напредни здравствени способности. Samsung воведува нов API во екосистемот кој нуди прилагодлива чувствителност за откривање пад, зајакнување на превентивната безбедност и поставување на сцената за уште повеќе потенцијални можности.

Програмерите сега можат да создаваат услуги користејќи ги алгоритмите за откривање пад на Galaxy Watch, истите го чувствуваат сопнувањето или паѓањето на корисникот со комбинирање на различни сензори, вклучувајќи го акцелерометарот и жироскопот. Овој API овозможува развој на апликации за корисниците кои може да наидат на неочекувани несреќи, особено за постарите корисници или оние кои се занимаваат со опасна физичка работа. Понатаму, корисниците на Galaxy можат дури и да ги приспособат нивоата на чувствителност – без разлика дали стојат во место, се движат или вежбаат – преку апликацијата Galaxy Wearable. Како и следењето на спиењето што детектира немирни движења или паѓање од креветот, со цел да ја прикаже целата слика за спиењето на корисникот, овој API отвора нови можности за програмерите, но и за корисниците. 

Решение за сите истражувања: забрзување на здравствениот мониторинг и услуги за истражување

Samsung, исто така, претставува проект со отворен код кој обезбедува целосни решенија end-to-end кои комбинираат SDK, backend и портал за различни здравствени апликации. Овој сеопфатен сет на алатки за здравствена заштита ги зајакнува истражувањата и клиничките искуства, почнувајќи од ниво на развивачи, обезбедувајќи напредни сознанија преку паметните часовници и уредите за носење Galaxy за поддршка на медицинските истражувања во институции, болници, велнес центри и пошироко.

Истражувачите можат да го користат овој проект со отворен код за да изградат модули кои им овозможуваат на учесниците да се приклучат на студијата на беспрекорен и информиран начин, поедноставувајќи го процесот на вклучување. Флексибилни предлози за анкети се исто така поставени за да се задоволат постојано променливите потреби на организациите. Оттаму, релевантните податоци и увиди полесно се собираат од уредите што се носат, додека учесниците се водат низ целиот процес со корисни сознанија. Шифрираните податоци за учесниците потоа се пренесуваат до позадинскиот систем каде што здравствената и медицинската заедница ги следат и анализираат сознанијата собрани за подобро обликување на плановите за лекување на пациентите, претстојните истражувања и многу повеќе. Повеќе детали за новиот проект објави Себастијан Сеунг, претседател и директор за истражување во Samsung, на воведниот говор на SDC22.

Health Connect: подобар увид и контрола на податоците

Health Connect, објавен во соработка со Google, во текот на пролетта 2022 година, им понуди на програмерите збир на API кои овозможуваат непречено создавање на нови фитнес и здравствени искуства. Моментално достапно во бета верзија, Health Connect им нуди на корисниците начин да имаат централизирани контроли за приватност што го олеснуваат давањето дозвола на апликациите за здравје и фитнес со кои сакаат да ги споделат своите податоци на уредот. Сега, Samsung Health и Fitbit, заедно со водечките апликации за здравје и фитнес, вклучувајќи ги Leap Fitness, MyFitnessPal и Withings, го усвоија Health Connect за да овозможат посеопфатно велнес искуство. Со дозвола на корисникот, развивачите на апликации можат да користат одредени податоци споделени преку Health Connect за употреба во нивните апликации за да им обезбедат на корисниците целосна слика за нивното здравје.

Samsung е посветен на обезбедување на својата заедница, која вклучува корисници, програмери и пошироко, со подобрени алатки и ресурси за да изгради и користи повеќе поврзани и разновидни здравствени услуги. Како дел од сеопфатните велнес иницијативи на Samsung, компанијата ќе продолжи да испорачува експанзивен екосистем, за кои заедницата на Samsung имаше прилика да дознае повеќе за време на SDC22.

###

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, обликувани и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com.


ПР објава