Samsung со ново еколошко пакување за своите телевизори

Добивај вести на Viber

Куќичка за миленичето или полица за списанијата од кутијата за телевизор

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. најави претставување на eco-friendly пакување за својата линија на ТВ уреди, со цел да допринесе во зачувувањето на животната средина.


Новото пакување од брановиден еколошки картон, во кој ќе се пронајдат моделите The Serif, The Frame и The Sero, на корисниците ќе им го олесни рециклирањето, но ќе им овозможи и шанса повторно да го употребат - и тоа за креативни цели. На двете страни од кутијата применет е точкаст дизајн, со цел на корисниците да им биде полесно да го исечат и да го прилагодат на своите потреби. Во пакувањето се наоѓа и QR код, преку кој може да се пристапи до упатство за подготовка на посакуваниот облик, како на пример куќичка за миленичето, држач за списанијата или полици на кои ќе стои далечинскиот управувач или модемот.


„Корисниците секогаш ќе претпочитаат повеќе да се поврзат со производ од бренд со кој делат заеднички вредности. Со ова пакување, на своите корисници, кои водат сметка за животната средина, ќе им овозможиме потполно ново искуство“, изјави Kangwook Chun, извршен потпретседател и раководител на тимот за стратегијата на производи на бизнис одделението за визуелни дисплеи во компанијата Samsung Electronics.


Во рамките на претставувањето на новото пакување, Samsung и британскиот lifestyle магазин, Dezeen, на 6. април претставија и започнаа глобален натпревар во дизајн. Двете компании на креаторот на најуникатното и најпрактичното решение, направено од кутиите за телевизори, ќе го наградат со 20.000 американски долари, по кое, низ упатство, на корисниците на Samsung телевизори ќе им се овозможи овој дизајн да можат да го применат и во својот дом. Пријавите се отворени до 29. мај за сите заинтересирани кои се постари од 18 години.



За повеќе информации за натпреварот, посетете ја веб страницата на магазинот Dezeen на https://www.dezeen.com/samsung-out-of-the-box-competition-brief/ или на Instagram профилот на Samsung TV (@samsungtv).

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смарт-телефоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја Samsung Newsroom наhttp://news.samsung.com.