Сања Маринковиќ во проѕирен тренди фустан: Прекрасни облини, а шлицот открива доволно за да ги испоти мажите

Добивај вести на Viber

Популарната српска водителка Сања Маринковиќ (50) реши да направи мала пауза од обврските, па ги спакува куферите и отпатува за Хрватска.

Таа речиси секој ден објавува фотографии од одмор, а со секоја нова објава дополнително ја крева температурата на социјалните мрежи.

Сепак, последната фотографија што ја објави малкумина остави рамнодушни. Водителката се фотографираше во својата хотелска соба во проѕирен, или таканаречен „гол“ фустан, под кој носеше само предизвикувачки костим за капење, а тенката ткаенина остава простор за малку фантазија.

View this post on Instagram

A post shared by Sanja Marinkovic (@sanjamarinkovicofficial)

Фустанот со светки ја истакна нејзината витка линија, а многумина беа заинтригирани од она што го напиша.

„На Балканот тежнееме кон претерување во сѐ, особено во јадење, пиење, обврски, работа, безделничење, мажи, жени, трошоци, жалење, критикување. Понекогаш ми се чини дека најголемиот дел од животот го поминуваме изговарајќи реченици, кои станаа дел од нашиот јазичен фолклор: ме мрази, ме нервира, ме притиска, ме растажува... Како да се справиме со јазикот или менталните навики што поскоро?! Како да научите да ја замените реченицата „Морам да...“ со „Треба...“? Грижата за себе е најважна работа, се трудам и не е лесно, но убаво е“ – стои во објавата на Сања која очигледно решила малку време да си посвети на себе.

Фото: Инстаграм
Извор: Мondo.rs