Сара (10) била мачно убиена во својата куќа, а сега е пронајдена БЕЛЕШКА на која е напишано ИМЕТО НА УБИЕЦОТ и уште ПОБОЛНО: „Ако некој го види ова, јас ја убив - НА ВАКОВ НАЧИН“
Сара Шариф, 10-годишно девојче од Вокинг во близина на Лондон, Велика Британија, на 10 август годинава е пронајдена мртва во семејната куќа, а осомничениот за убиството - таткото на девојчето Урфан Шариф (41), неговата девојката Беинаш Батул и неговиот брат Фаизал Шахзад Малик - отпатувале во Исламабад, поради што полицијата ги сомничи за убиство и сака да ги испраша. Сега се појави уште еден доказ кој може да го расветли целиот случај.
Имран Шариф, братот на маж кој се бара во врска со смртта на неговата 10-годишна ќерка, им рекол на инспекторите дека Сара Шариф „паднала по скалите и го скршила вратот“, според полицијата во Пакистан. Рече дека вујкото на Сара моментално е во притвор во Пакистан на сослушување, изјави полицијата на Џелам за Скај њуз, а властите сега пронајдоа рачно напишана белешка во домот во Вокинг каде девојчето беше пронајдено мртво. Нејзиниот убиец наводно бил именуван на тоа парче хартија, пишува „Дејли мејл“.
Британските медиуми сега тврдат дека белешката била и во куќата кога пристигнала полицијата, а „Дејли мејл“ наведува и дека на белешката пишувало: „Кој го види ова, XXXXX ја претепа (Сара) до смрт. Јас трчам затоа што... се плашам“.
Се верува дека белешката е напишана од член на семејството и оставена на полицијата да ја пронајде. Мајката на Сара, Олга Шариф, не знаела за белешката претходно.
Полицијата во Пакистан соопшти дека полицајците сè уште го ловат таткото на Сара, за која се вели дека побегнал од ОК заедно со неговиот друг брат Фајсал Малик, Беинаш и петте деца на возраст од една до 13 години.
Британските власти сега се соочуваат со тешка битка да ги вратат осомничените во бегство во ОК бидејќи немаат формален договор за екстрадиција со Пакистан.
Аутопсијата спроведена во последните денови откри дека младата Сара претрпела „повеќе и сомнителни повреди во текот на подолг временски период“.
Извор: Жена блицФото: Тањуг