Сара Фешн го отвори најголемиот објект за големопродажба на Балканот
Најпознатиот македонски бренд за долна облека Сара Фешн денеска го отвори најголемиот објект за големопродажба Sara Fashion Business Centre со најниски цени на Балканот.
Како конкурентска фирма која го нуди најдоброто на пазарот, Сара Фешн ги отвори вратите за постоечките партнери, како и за оние кои имаат желба и идеја да започнат сопствен бизнис со продавање на квалитетна, брендирана, препознатлива облека по убедливо најниски набавни цени.
Сара Фешн е препознатлив лидер на пазарот и отсекогаш била тука да го нуди најдоброто за своите потрошувачи, но и за своите сегашни и идни партнери.
Покрај тоа што нуди голема палета на разновиден асортиман, Сара Фешн Бизнис Центар е тука целосно да ви помогне во опремување на ентериерот на вашиот малопродажен објект.
Како дистрибутивен центар ви овозможуваат бесплатна достава на нивните производи, а преку нивните комерцијалисти обезбедуваат редовна посета и теренска поддршка.
Посетете го Сара Фешн Бизнис Центар кој се наоѓа на локација во индустриската зона во Илинден и направете мудар избор за реализација на вашите бизнис идеи.
Сара Фешн - 23 години е ваш бизнис партнер.