Сара и Димитар ќе станат родители

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски чекаат бебе. Радосната вест идните родители ексклузивно ја споделија за специјалното македонско издание на популарниот магазин „Стори“ кој синоќа беше претставен на гала – промоција во хотелот „Александар Палас“.

На насловната страница на првото македонско „Стори“ е Бојан Јовановски кој на вчерашната манифестација го доби главното признание - личност на годината. Регионалното уредништво на магазинот награди повеќе личности од областа на спортот, музиката, актерството, медиумите и од бизнис-секторот. Меѓу лауреатите се Сашко Коцев, сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ, Раул Гонзалес, Лила Стојановска, Влатко Лозаноски, Слаткар и групата „Ај Кју“, а во улога на презентери ги видовме познатиот тенор и професор Ѓорѓи Цуцковски, водителот Александар Блажевски и поранешната манекенка и водителка Натали Грубовиќ.

Водители на шоуто беа заштитното лице на телевизија „Сител“, Јована Стојменовиќ, и актерот Гораст Цветковски.

Ѓ.С.