Сара Јо купи стан во Белград: Малкумина можат да си го дозволат овој луксуз на само 30 години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Со насмевка на лицето покажа дел од недвижниот имот за своите следбеници

Пејачката Сара Јовановиќ попозната како Сара Јо купи стан во Белград.

Таа го купи својот прв недвижен имот во луксузна населба, а на мрежите покажа како изгледа нејзината идна оаза.

Сè уште не го реновирала станот, а со насмевка на лицето сними дел од сѐ уште празниот имот за своите следбеници.

Пејачката ја покажа огромната дневна соба во која ќе има кујна и трпезарија, а она што го привлече вниманието на сите се огромните прозорци со пространа тераса во кои дефинитивно ќе ужива.

- Нови почетоци... со добри, стари навики - напиша таа.

Инаку, како што се пишуваше и шпекулираше пред извесно време, таа живее во хотел.


Извор: espreso.co.rs