Сите ја познаваат како уникатна, своја, природна, препознатлива по својот стил на пеење и облекување, по обетката со пердув и по специфичната фризура. Ја запознавме пред неколку години како дел од дуото „Цимерките“, а потоа го отпеа и големиот хит „Врне, врне“. Сара Мејс периодов се грижи за нејзината ќерќичка Илина, а само еден ден пред да се породи го промовираше новиот спот за песната „Црна капина“, кој е дел од албумот „Floating through space with Sarah Mace".
HASHTAG.MK ви открива дел од тинејџерските години на пејачката со уникатен вокал.