Сара посвоила тројки, но она што го слушнала од докторот по 3 недели, ја шокирало: Тоа не било крај - 3 години подоцна добила нова вознемирувачка вест
Кога имате пет деца – тројки и близнаци, родени со разлика од само неколку месеци, замислете да слушнете дека очекувате уште едно дете? И ако некогаш мислевте дека никогаш нема да добиете нешто свое. Колку животот може да биде непредвидлив и полн со изненадувања сведочат Енди и Сара Џастис, брачна двојка од Америка.
Во 2013 година, по една година обиди да добијат потомство, за жал неуспешно, Енди и Сара Џастис од Тулса во Соединетите Американски Држави решија да посвојат деца – и тоа тројки одеднаш. Но, само три недели откако ги пречекаа нивните посвоени тројки, три девојчиња – Џоел, Хана и Елизабет, во мај 2013 година, Сара го доби најшокантниот повик од докторот.
Бременост со близнаци
Таа дозна дека е бремена. Носеше близнаци.
Така, во декември 2013 година се родија девојчето Абигејл и синот Ендру.
И така, Енди и Сара од нула станаа родители на пет деца за седум месеци. Оттогаш, нивниот живот е вистински тобоган исполнет со љубов, авантури, смеа и забава! И додека парот признава дека спиењето не е опција колку што би сакале, тие не би промениле ништо.
„Да имаш голем број деца е остварување на сонот. Кога чекаш нешто, многу повеќе го цениш кога ќе го добиеш“, изјави Сара за порталот „Бејбиологија“.
Ново бебе на пат
И како да беа досега малку изненадувањата во нивните животи, на почетокот на 2016 година ги дочека ново изненадување - нова бременост.
Во јануари семејството беше проширено и збогатено со момче по име Кејлеб. И Сара и Енди сега беа родители на шест деца.
Јасно е дека семејството Џастис ужива да поминува време заедно и во секој момент, а типичен ден вклучува утринска прошетка, проследена со децата кои си играат со роднините и пријателите и заедничките домашни работи. Иако рутината е сосема јасна и строга, тоалетот и алиштата понекогаш сепак им го расипуваат концептот.
„Седењето на нокшир одзема голем дел од нашиот ден. Кога имате пет деца во иста фаза од животот, тоа е очекувано“, рекла Сара своевремено, но децата се големи денес, а нокширот сигурно не е повеќе толку важен елемент во нивниот дом.
А за вашите пет деца, секогаш сметајте на уште неколку соседи и роднини кои би сакале да се дружат“. И ете во куќата имате градинка.
„Никогаш не ни недостасуваат соиграчи, љубов и грижа меѓу браќата и сестрите. Нашите деца секогаш ќе имаат пријатели и никогаш нема да се чувствуваат осамено“, додаде таа.
И додека Кејлеб можеби е неколку години помал, тој немал проблем да се вклопи во воспоставениот ритам на неговите постари браќа и сестри.
„Тие ни носат многу радост во животот и уживаме да ги гледаме како го сакаат животот“, заклучила гордата мама за медиумите каде често се појавува со својот сопруг за да сподели нови искуства и најдобри приказни за големото семејство.
Фото: Фејсбук
Извор: Zena.blic.rs