Сара Стои на модна ревија за дизајнерката Лаура Бјаџоти
- 23 Септември, 2024
Модните љубители знаат дека во Милано се случува Модната Недела каде сите дизајнери и брендови ги промовираат своите најнови колекции .
Па така во саботата се одржа и модното шоу на италјанската дизајнерка Лаура Бјаџоти (Laura Biagotti) каде настапи нашиот модел Сара Стои .
Оваа модна куќа стана препознатлива кога ги лансираше парфемите Рома кои беа многу популарни при крајот на деведесите години. Нашата убавица престојува во Милано каде работеше и на други проекти како и на неколку други ревии помеѓу кои и за брендот HUI .
Сара е дел од агенцијата NEXT Management , која важи за една од најдобрите светски агенции за модели . Фантастична и неверојатно шармантна Стои совршено се вклопува во сегашниот тренд на модели кои ја поседуваат уникатноста .