Саша Поповиќ ѝ ги предаде клучевите од автомобилот на Славица Ангелова: „Ах кога ќе се појавиш во родниот град со оваа кола...“

Добивај вести на Viber

Ангелова во финалната вечер освои 88.367 гласови...


Саша Поповиќ и ги додели клучевите од автомобилот на Славица Ангелова, победничката на Звезда Гранд за сезоната 2022/23.

- Ах, кога ќе се појавиш во Струмица со оваа кола, сите знаат дека си ја освоила со победата на Звезде Гранд! – изјави Поповиќ, откако девојката потврди дека поседува возачка дозвола.

- Ова е за полесно да пристигнете кога имате обврски кон Гранд - рече Ѓорѓе Давид.

- Горд сум затоа што чесно победи, заслужено го добиваш овој убав автомобил - изјави Саша.

- Кариерата ќе ја гради паралелно овде и во Македонија. Ќе добие песна, спот, ќе гостува во сите наши емисии. Сметам дека во Македонија има многу поголеми шанси, но секако ќе се обидеме да го истуркаме и овде, во Босна и Херцеговина, Црна Гора... -изјави Саша.

Инаку Славица, студира медицина, а во финалната вечер освои 88.367 гласови. Таа беше во тимот на Ѓорѓе Давид.

- И мене како и на сите ми треба работа и труд за да го постигнам тоа што го сакам. Едноставно кажано, треба да работите. Во принцип, кога пеам песни слушам што ми кажува срцето и како се чувствувам, така ги пеам. Мислам дека секој треба да биде оригинален и да покаже што има во себе, бидејќи сите сме различни. Приватно слушам се: фолк, рок, џез и блуз. Ги обожавам сите песни подеднакво изјави за едно интервју Славица.

Ангелова својата музичка кариера ја започна во музичкиот натпревар „Неки нови клинци“.

Фото:telegraf.rs

Извор:telegraf.rs